Меси го бара Клајверт за наследник на Сетиен

Кике Сетиен ги брои последните денови како тренер на Барселона откако веќе е донесена одлуката тој да добие отказ уште пред довршувањето на сезоната и завршницата на Лигата на Шампионите. Опции има неколку, на каталонскиот гигант му се нудат врвни стратези, но Лионел Меси и останатите „ѕвезди“ на Барса имаат свој фаворит во оваа трка – актуелниот клупски директор Патрик Клајверт.

Станува збор за човек во кого доверба покрај Меси имаат и Суарез и Пике, според кои Клајверт е вистинскиот човек за враќање на „победничкиот дух“ во Барса по анемијата што го зафати каталонскиот гигант под водство на Сетиен. Тој како играч има постигнато 122 гола на 256 средби за каталонскиот „џин“, а тренерска лиценца поседува уште од 2009 година, иако никогаш немал посериозен стручен ангажман на ова поле.

Сепак, тој станува сериозна опција за каталонците и поради фактот дека може да биде достапен краткорочно, да го води тимот во завршницата од ЛШ, па доколку ги оправда очекувањата и да добие долгорочен тренерски ангажман за наредните две години. На Клајверт веќе му е понудено да биде директор на фудбалската школа и да ја реорганизира „Ла Масија“, но предизвикот да се биде „шеф“ на првиот тим е преголем за да може да биде одбиен. Конечната разврска се очекува на почетокот од следната седмица, кога се очекува да биде раскинат договорот со Сетиен и да биде обелоденето името на стратегот што ќе ја води Барса во Лигата на Шампионите следниот месец.

Како и да е, Барса не може да игра полошо од она што моментно го прикажува под водство на Кике Сетиен.

Се вчитува...