Меси го сака Биелса на клупата на Барса: Паника во тимот на Алиоски

Лионел Меси повеќе не крие дека не е воодушевен од тренерот Кике Сетиен, па Барселона новата сезона би можела да ја дочека со нов човек на клупата. Англиски „Сан“ пренесе информација дека Меси ги убедува челниците на Барса за нов тренер да го донесат актуелниот стратег на Лидс, Марсело Биелса.

Договорот нс 65-годишниот Биелса со Лидс истекува следната недела, но во клубот од „Еланд роуд“ не очекуваат проблеми околу продолжување на соработката. Сепак, интересот од „Камп ноу“ внесе веднаш немир во таборот на тимот на Езгијан Алиоски.

Меси, наводно, верува дека Биелса би бил идеално решение за Барселона затоа што неговата тренерска филозофија е слична на онаа на Пеп Гвардиола и добро би функционирал во каталонскиот тим.

Се вчитува...