Меси и Хабиб два различни света – Село без интернет против „луксузна галаксија“

Хабиб Нурмагомедов во пензија замина како најдобар борец во историјата на УФЦ, а денот кога Лионел Меси ќе се повлече од фудбалот за него ќе се зборува како најдобар на сите времиња. Хабиб и Меси живеат два потполно различни животи. Одличниот борец е навикнат на скромен живот во Дагестан. 32-годишникот животот планира да го помине во селото Силди кое се наоѓа во дагестанските планини. Најблискиот град е оддалечен 40 километри, нема интернет, телефон и во него живеат негде околу 200 луѓе.

На другата страна Меси во Барселона ужива во апсолутен луксуз и поседува буквално се што може да се купи со пари. Само неговата вила вреди шест милиони евра.

Се вчитува...