Меси и Сетиен се смириле, ќе ја напаѓаат Лигата на шампионите

Со убедлива победа на Алавес од 5-0 и со нови рекорди на Лео Меси, Барселона синоќа ја заврши сезоната во Ла Лига. Тешко дека ќе има утеха за „каталонците“ за загубената титула кој отиде кај Реал Мадрид, но Барса се насочува кон Лигата на шампионите.

Во оваа насока, вчера пред дуелот со Алавес состанок имале тренерот Кике Сетиен и капитенот Меси. Средбата која траела еден час била на барање на Сетиен, а била поради јавните остри критики кои дојдоа од аргентинската ѕвезда по губењето на титулата во Ла Лига. Според информациите кои ги пласираат дел од шпанските медиуми, Меси и Сетиен решиле привремено да ги остават настрана недоразбирањата и несогласувањата и во добра атмосфера, екипата да се посвети на елитното континентално натпреварување.

Своевидна потврда за ова е и изјавата на Меси по дуелот со Алавес во која тој вели дека сега им треба малку одмор и мир за да се насочат кон следниот предизвик. Тој дури во еден момент и го цитираше Сетиен во дел од изјавата „како што рече тренерот пред некој ден, имавме и добри и лоши моменти“ и ова се толкува како помирувачки потег.

 

Се вчитува...