Меси: Има луѓе во Барса кои не сакаат да се вратам!

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС тимот на Интер Мајами.

Тој во интервју за „Мундо Депортиво“ откри зошто на крајот се одлучи за Интер Мајами, но и како што вели самиот иако многу сакал да се врати во Барса, таму се уште има луѓе кои не го сакаат неговото враќање.

„Не сум сигурен дека Барселона направи сѐ што е можно за враќањето да се случи, искрено. Знам само тоа што ми кажа Чави. Сигурен сум дека има луѓе во клубот кои не сакаат да се вратам во Барселона, гледајќи го тоа како негативно за клубот“.

Се вчитува...