Меси има свој двојник во Иран! (ФОТО)

Лионел Меси живее во Иран?! Не оној вистинскиот Меси, туку неговиот ирански фан кој неверојатно многу наликува на ѕвездата на Барселона.

Риза Перестес е обично момче од Иран кој го сака фудбалот и навива за Меси, но, токму неговата зачудувачка сличност со аргентинскиот фудбалер го направи младиот Иранец популарен, посебно на социјалните мрежи.

mesi iran343

Веќе се познати приказни за двојникот на Џејми Варди кој поради сличноста со ѕвездата на Лестер го исполни својот сон славејќи ја титулата заедно со „лисиците“ во автобусот. Или, онаа на „двојникот“ на Клаудио Раниери, кој својата сличност со познатиот италијанскиот менаџер ја искористи за да спие со 26 жени.

Риза Перстес со својата идентичност ги надмина сите. Младиот Иранец со задоволство го носи омилениот аргентински дрес на својот идол и добро се забавува кога многумина мислат дека го сретнале вистинскиот Меси.

Погледнете како изгледа „иранскиот Меси“…

mesi iran0

mesi iran 02

mesi iran o4

mesi iran 05

А, ова е вистинскиот Лионел Меси.mesi arg.mesi vistinski 2

Се вчитува...