Меси: Изминативе денови имавме многу ‘позитивни расправии’ зад затворени врати

Лионел Меси по победата од 5-0 на Барселона против Алавеш, со 25 гола рекорден седми пат во кариерата стигна до епитетот најдобар стрелец во Ла Лига. Постави и нов рекорд со 21 асистенција, но Барселона остана без шампионскиот трофеј, кој му припадна на Реал Мадрид.

„Самокритиката во фудбалот е клучен фактот. Имаше многу самокритики зад затворени врати изминативе денови во клубот. Немавме најдобра сезона, но сега е важно да покажеме дека нештата може да се променат“ – истакна Меси по синоќешниот дуел.

Со два гола против Алавеш дојде до вкупно 25…

„Тоа е индивидуална награда, а тие воопшто не се важни. Би сакал да го освоевме првенството како минатите години. Затоа сметам дека не бев успешен, без разлика на индивидуалните признанија“ – вели Меси.

Се вчитува...