Меси нема да дебитира вечерва за Пари Сен Жермен

Лионел Меси нема да го има своето деби во дресот на Пари Сен Жермен на вечерашниот натпревар против Стразбур во второто коло од француската Лига 1. Тренерот Маурисио Покетино вели дека е премногу рано Аргентинецот да се најде во тимот на „светците“.

„Меси имаше само два тренинга со нас, а претходно беше на одмор откако ја освои Копа Америка со Аргентина. Навистина нема причина да брзаме со неговото деби за нашиот тим. Треба да одработи уште неколку тренинзи па кога ќе се чувствува комфорно тогаш ќе го има своето деби“, изјави Покетино. 

Ова за ПСЖ ќе биде прв натпревар на домашен терен сезонава, а Меси ќе го помине на трибините.

Се вчитува...