Меси поради банална причина за малку ќе го пропуштеше дуелот со Вилјареал (ВИДЕО)

Барселона синоќа лесно го совлада Вилјареал на гости со 1-4, а Лионел Меси беше асистент на два гола за каталонскиот тим. Но, лесно можеше и да не му дозволат да влезе на „Естадио де ла керамика“ пред почетокот на мечот. Пред неговото влегување, откажа апаратот за мерење телесна температура, па Аргентинецот остана збунет. Во прв момент сите помислија дека сепак има знаци на коронавирус.

За среќа, се беше во најдобар ред, Меси влезе во соблекувалните, а потоа и една од подобрите партии во дресот на Барселона во последниот период.

Се вчитува...