Меси рече “НЕ“ на Барселона

Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси ја отфрли понудата на Барселона за нов договор со клубот, според кој би останал на „Камп Ноу“ до 2022 година. Тој не е задоволен од условите што му ги нуди клубот за продолжување на соработката, иако се работи за баснословни цифри.

Барселона на Меси му нуди 35 милиони евра годишна плата за да го обезбеди неговиот потпис и за наредните четири години, со оглед дека тековниот договор истекува на крајот од следната сезона. Ова значи дека тој би влегол во последната година од договорот, доколку не потпише до завршувањето на оваа натпреварувачка година. Агент на Меси е неговиот татко Хорхе, и тој води интензивни преговори со раководството на Барселона, но засега разговорите не одат според плановите на каталонскиот клуб. Сепак, наскоро се очекува Барса да излезе и со нова, уште подобра понуда за негово задржување на „Камп Ноу“.

Се вчитува...