Меси се пофали со непроценлива колекција

Лионел Меси во текот на неговата кариера играл против многу легенди од фудбалските терени. Разменил преку стотици дресови, па си направил колекционерска соба каде ги сместил оние маици кои се најважни за него. Ѕвездата на Барселона на социјалните мрежи сподели слика од својата соба каде ги има сите дресови од играчи со кои направил размена, а колекцијата е непроценлива.

На завесата од дресови на ѕидовите може да се видат Тоти, Анри, Раул, Касилјас, Лам, Деко и нормално неговиот идол, Пабло Аимар. Но, следбениците на Меси веднаш приметија една работа која недостига на ѕидот, а тоа е дрес од Кристијано Роналдо. Веднаш започнаа реакции дека сето тоа се сведува на нивното ривалство, иако двајцата имаат голема почит еден спрема друг, но сигурно Меси не би изоставил таков фудбалер, иако Роналдо игра за најголемиот ривал на неговиот клуб, Реал Мадрид.

mesiidresovi

Се вчитува...