Меси со утешна порака за Ливерпул: Најдобриот не победува во фудбалот (ВИДЕО)

Реал го победи Ливерпул со 1-0 и дојде до 14-та титула во Лигата на шампионите, трофеј кој можеби беше и најтешко освоен последните години ако се земе во предвид какви ривали мина тимот на Карло Анчелоти во нокаут фазата.

„Кралевите“ го елиминираа ПСЖ, а потоа направија хет-трик со противници од Англија и откако на патот до финалето ги нокаутираа Челси и Манчестер Сити, на завршниот меч беа подобри од Ливерпул.

Сепак, во очите на Меси, Реал Мадрид не бил најдобар тим во Европа оваа сезона, па во своето обраќање за „Тик Спортс“, не пропушти да нагласи дека квалитетот не е секогаш пресуден на највисоко ниво.

„Лигата на шампионите е составена од многу ситации, клучни моменти, психолошката состојба на еден тим кој излегува од тешки моменти. Секако дека имав лутина што не играв во финалето, но Лигата на шампионите не ја освојува најдобриот тим. Без да сакам да им ја тргнам заслугата, Реал Мадрид е шампион и секогаш ќе биде при врвот, но тие не беа најдобар тим во Лигата на шампионите и покрај тоа ги победија сите. Таков е фудбалот“, изјави Меси.

 

Се вчитува...