Ракометниот вицепрвак на Македонија, Металург, потпишува договори со двајцата играчи кои беа на проба, Словенецот Миха Пучник и Португалецот Гочало Рибеиро. Пучник останува до крајот од оваа сезона, а Риберио во клубот ќе биде и следната сезона.
Пучник игра на позицијата лев бек и во изминатите три сезони настапуваше за белгискиот Ахил Бохолт. Претходно во Словенија играше за тимот на Марибор и за Горење.
По неколкудневната проба, Металург реши дека овие двајца ракометари ќе помогнат во сезоната во која нашиот клуб се мачи со резултатите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА