„Металургот“ Јагањац – најдобар стрелец во СЕХА-лигата

Со денешните натпревари и официјално беше завршен регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата, во која како што е добро познато првото место го освои Вардар, додека вториот македонски претставник Металург и покрај денешната победа над Целје остана на седмата позиција.

Како утешна награда за „металурзите“ останува фактот дека тие во своите редови го имаат најдобриот стрелец на сезоната во СЕХА, Хрватот Халил Јагањац, кој блескаше на натпреварите во регионалното натпреварување. Зад неговото име остануваат запишани 100 погодоци во СЕХА-лигата, пет повеќе од Буторац од Татран Прешов.

Петти најдобар стрелец на оваа ранг-листа е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски од Металург со 75 гола, три повеќе во однос на најефикасниот „вардарец“, Тимур Дибиров, кој се наоѓа на делба на шестото место заедно со Томас Чип од Татран Прешов.

Се вчитува...