Мевљан Мурати од Шкендија на позајмица во Ренова

Фудбалерот на Шкендија Мевљан Мурати пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе го помине на позајмица во редовите на Ренова, откако двата тима постигнаа договор.

„Шкендија објавува дека постигна договор со Ренова за позајмица на десниот бек, Мевљан Мурати. Мурати ќе биде на позајмица во Ренова до крајот на натпреварувачката сезона 2021/2022. Шкендија му посакува здравје и многу успех на Мурати“, стои во соопштението на актуелниот шампион. 

Мурати потекнува од младинската школа на клубот, а во Тетово се врати во 2017 година каде пристигна од редовите на Шкупи. Претходно настапуваше и за албански Партизани.

Се вчитува...