Ерменија неочекувано е лидер по првите три кола од нашата група во квалификациите за СП 2022, а токму оваа репрезентација ќе биде ривал на Македонија на дебито на новиот селектор Благоја Милевски.
Ерменскиот селектор Жоакин Капарос денескаго објави списокот на фудбалери за септемвриските квалификациски средби, за кои Ерменија ќе биде посилна за својот најдобар играч, Хенрик Мхитаријан. Асот на Рома поради повреда ги пропушти мартовските квалификации, но сега е здрав и подготвен да му помогне на националниот тим. Значајни адути на Капарос вообичаено се и двајцата поранешни фудбалери на Вардар, десниот бек Хамбарџумјан и крилниот офанзивец Барсегјан. Дебитанти на најновиот список на Капарос се плејмејкерот на Арарат, Артјом Аванесјан и напаѓачот на Балкита, Принц Гелојан.
Ерменците во првите три кола славеа над Лихтенштајн (0-1), Исланд (2-0) и Романија (3-2). Тие на 2 септември ќе гостуваат во Скопје на репрезентацијата на Македонија, по што на 5 септември ќе гостуваат на Германија, а на 8 септември на домашен терен ќ го пречекаат аутсајдерот Лихтенштајн.
СПИСОК НА ЕРМЕНИЈА
ГОЛМАНИ: Јурченко (Алашкертс), Авјазов (Урарту), Бегларјан (Утарту).
ОДБРАНА: Хамбарџумјан (Анортозис), К. Хованисјан (Каират), Харојан (Кадиз), Чалишер (Силкеборг), А. Ховханисјан (Пјуник), Восканијан (Алашкерт), Мкојан (Арарат), Тертеријан (Арарат).
СРЕДЕН РЕД: Мхитаријан (Рома), Барсегјан (Астана), Бихакчијан (Жилина), Бајрамијан (Ростов), Удо (Атурау), Спертсијан (Краснодар), Коријан (Оренбург), Давидијан (Химки), Григоријан (Алашкерт), Ангуљо (Арарат), Шагхојан (Арарат), Аванесијан (Арарат), Варднијан (Пјуник).
НАПАД: Адамјан (Хофенхајм), Гелојан (Балтика), Карапетјан (Ноа).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА