„Ми се слоши кога видов колкава плата би земал Халанд во Манчестер Сити“

Надворешниот соработник на Борусија Дортмунд, и легенда на клубот Матијас Замер ги коментираше наводите за трансфер на Ерлинг Халанд во таборот на Манчестер Сити. Денеска се појави информација дека Норвежанецот ќе биде дел од Сити и ќе биде најплатен играч во Премиер-лигата со 600 илјади евра плата за една недела.

„Знам дека Сити е заинтересиран за Халанд, тоа е факт. Но, кога ја видов сумата која ќе добива, ми се слоши, изгубив свест. Не можам ни да добројам“, рече Замер.

За Халанд се заинтересирани и Реал Мадрид и Барселона, но тие не можат да му ја понудат истата плата како Сити. Со тоа Халанд би заработувал 150 илјади повеќе од најплатените во Премиер-лигата Кристијано Роналдо и Кевин Де Брујне.

Се вчитува...