Миа Блажевска-Еминова најдобра во својата квалификациска група на ЛОИ во Токио (ВИДЕО)

Најмладата олимпијка во историјата на Македонија, Миа Блажевска Еминова победи во својата квалификациска група на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио.

Блажевска-Еминова делницата од 100 метри ја помина за време од 57.19 секунди што беше за шест стотинки послабо од нејзиниот најдобар личен резултат, но беше доволно за победа во нејзината квалификациска група.

Се вчитува...