Миа Блажевска-Еминова со нов македонски рекорд на СП во Будимпешта!

Миа Блажевска-Еминова запиша уште еден одличен настап, овојпат најдобрата македонскат пливачка го подобри својот рекорд на Светското првенство (СП) во Будимпешта.

Македонската пливачка настапи во трката на 100 метри со грбен стил и постави нов македонски рекорд со време од 1:04,11 минути.

Блажевска-Еминова со ова го подобри сопственото најдобро време и тоа за дури 30 стотинки.

Се вчитува...