Михаило Шејкероски – Шани ново засилување во стручниот штаб на Ратко Достаниќ

Михаило Шејкероски – Шани е ново име во стручниот штаб на ФК Работнички, објави клубот на официјалниот сајт. Младиот и докажан стручњак, кој има богато меѓународно искуство ќе биде задолжен за физичката подготвеност на фудбалерите на Работнички и е засилување во стручниот штаб на Ратко Достаниќ.

Во Македонија има работено во Металург и во Академија Пандев, а последните неколку години работеше во бугарски прволигашки клубови, Ботев Пловдив, Локомотив Пловдив, Септември Софија.

 

 

Се вчитува...