Михајловиќ ги одбил Кинезите: Два дена не можев да заспијам…

Синиша Михајловиќ е еден од ретките кои решија да одолеат на мултимилионските понуди од далечната Кина, отфрлајќи ја можноста за преселба во оваа азиска држава. Тренерот на Торино на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Сасуоло ги потврди шпекулациите дека добил сериозна понуда од клуб во Кина, истакнувајќи дека сумата што била понудена била огромна за европски рамки.

Точно е, имав понуда од Кинезите во декември. Два дена и две ноќи не можев да заспијам, парите беа огромни, за една година таму ќе заработев колку за пет-шест сезони во Италија. Ме бараше клуб што во моментов има врвен тренер, нема да го објавувам неговото име. Како и да е, по долго размислување ја одбив понудата бидејќи не сум човек што сака да остава недовршена работа зад себе. Парите не ми претставуваат нешто најважно во животот, затоа решив да останам во Италија“ – изјави Михајловиќ.

Торино моментно се наоѓа на осмото место во Серија А со 28 бода, дури 14 помалку од шампионот Јувентус, кој и сезонава се наоѓа на врвот на табелата.

Се вчитува...