Михајловиќ останува во Болоња до 2023 година

Синиша Михајловиќ останува тренер на Болоња до 2023 година, потврдија од италијанскиот калчолигаш. Србинот тренерската кариера ја почна како помошник на Роберто Манчини во Интер, а потоа самостојно ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино, а беше и на чело на репрезентацијата на Србија.

Минатата сезона и помогна на Болоња да обезбеди опстанок во Серија А, а во моментов неговиот тим се наоѓа на десеттата позиција на првенствената табела, со пет бода помалку од Наполи кој е на место кое води во Лигата на Европа следната сезона.

Минатото лето имаше и голема драма, кога објави дека боледува од леукемија, болест со која успеа да се избори, а од Болоња во ниту еден момент не се откажаа од него.

Се вчитува...