Мијатовиќ нема дилема: Реал е подобар од Ливерпул, ќе го покаже тоа и во финалето од ЛШ

Реал Мадрид и Ливерпул ќе ги одмерат силите во големото финале од Лигата на Шампионите закажано за 28 мај во Париз, а за Предраг Мијатовиќ нема дилема кој тим ќе се радува на крајот.

Поранешниот голгетер на Реал Мадрид не ги крие симпатиите кон својот поранешен клуб, кого го смета за доминантен во однос на „црвените“ од Ливерпул.

„Реал има многу добар тим, можеби и најдобар ако зборуваме по имињата. Никој нема толку комплетна екипа, Бензема погодува од сите позиции, Винисиус многу напредуваше, Родриго ќе биде одличен игра… Кажете ми тим во Европа што има седум-осум играчи со по четири титули европски прва. Затоа, за мене Реал е фаворит, подобар е од Ливерпул и ќе го докаже тоа во финалето“, истакна Мијатовиќ.

Тој не штедеше комплименти и за тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти.

„Анчелоти е феномен, секогаш имаше одлични резултати во големите тимови во кои работеше, секогаш имал и ќе има беспрекорен однос и со фудбалерите и со клупските директори. Не сум слушнал никогаш ниту еден човек, играч или директор, да каже лош збор за Карло Анчелоти, што е неверојатно ако се знае дека тој е успешен тренер дваесетина години“, прокоментира Предраг Мијатовиќ.

Се вчитува...