Мијатовиќ си поднесе оставка во Партизан!

Собранието на ФК Партизан донесе огромна бура откако досегашниот потпретседател Предраг Мијатовиќ реши да си поднесе оставка од функцијата во клубот.

Мијатовиќ во изминатиот период беше во војна со остатокот од Управниот одбор, легендарниот голгетер се бореше да го преземе раководењето со клубот, но не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во собранието.

Откако стана јасно дека ја нема довербата на голем дел од делегатите, Мијатовиќ објави дека се повлекува од функцијата.

„Јас како потпретседател морам да поднесам оставка, ова не треба да продолжи вака. Ако УО може да доведе некој што има поинаква визија, нека дојде. Јас не можам понатаму под овие принципи, а Партизан заслужува да се смират страстите“, истакна Мијатовиќ.

Се вчитува...