Микрочипови, 5G и Бил Гејтс – Сафин има објаснување за коронавирусот

Поранeшниот тенисер, Марат Сафин има конспирациско објаснување за појавата на кронавирусот во светот. Тој вели дека „ситуацијата била подготвена“ и оти е предизвикана само со една цел, да се спроведе микрочипирање кај луѓето.

„Во 2015 Бил Гејтс рече дека ќе имаме пандемија и дека нашиот следен непријател е вирус, а не нуклеарна војна. Тој знаеше што ќе се случи и сите се подготвуваа за ова. Гледајте што се случува околу нас. Луѓето паничат, се оди во полза на појавата на наночиповите“ – вели Сафин.

Сафин верува дека во позадина на ваквиот план стојат позадински сили помоќни од лидерите на најголемите држави, Владимир Путин, Доналд Трамп и Ангела Меркел. Но, на прашањето за тоа од каде ги има овие сознанија, вели дека прочитал на интернет.

Марат Сафин кој по завршувањето на тениската кариера се занимава со езотеризам на почетокот на кризата бил во Шпанија, но пред прогласувањето на кризните мерки се вратил во Русија.

 

 

Се вчитува...