Милан договори два летни трансфери

Милан заврши одлична работа со трансферите на Пјонтек и на Пакета во јануарскиот преоден рок, а директорот Леонардо работи напорно и на обезбедување на летни засилувања за „росонерите“. Последните информации говорат дека првиот оперативец на Милан договорил два значајни трансфери за јули, и тоа Ектор Ерера од Порто и Ален Сан Максиман од Ница.

Ерера со години наназад е главен организатор на играта на Порто, но Мексиканецот веќе објави дека нема да потпише нов договор со португалскиот првак, туку летово како слободен играч ќе си замине од „Драгао“. Неколку премиерлигаши беа во трка да го осигураат потписот на овој одличен играч за врска, но Леонардо ги замрси нивните сметки договарајќи четиригодишен договор со мексиканскиот интернационалец.

Сан Максиман е крилен офанзивец кој игра одлично сезонава и за кого Милан испрати понуда до Ница и во текот на јануарскиот преоден рок. Францускиот клуб дури и прифати 18 милиони евра, но трансферот пропадна откако тренерот Виеира се заканил со отказ доколку Сан Максиман биде продаден во последниот ден од зискиот преоден рок. Сепак, Леонардо веќе има преддоговор со Ница за летен трансфер на овој одличен крилен напаѓач, за сума од 20 милиони евра.

Се вчитува...