Милан едвај се спаси од пораз против Спал

Спал го изненади Милан и успеа да ремизира 2-2 иако цело полувреме играше со играч помалку поради исклучувањето на Марко Д’Алесандро. „Росонерите“ се спасија и од пораз во судиското продолжение откако Франческо Викари си постигна автогол.

Спал поведе со голот на Матија Валоти во 13.минута, а потоа Серџо Флокари постигна прекрасен погодок изненадувајќи го Донарума со шут од огромна далечина.

Рафаел Леао во 79.минута намали на 2-1, а Спал несреќно си постигна автогол во судиското продолжение и не успеа да победи.

Сасусоло славеше со 1-3 на гости против Фиорентина, а гостински триумф оствари и Сампдорија против Лече (1-2). Верона ја совлада Парма со 3-2.

Се вчитува...