Рома загуби со 2-0 на гостувањето на „Сан Сиро“ и речиси ги загуби сите шанси во трката за пласман во Лигата на шампионите. Аталанта има шест бода предност и еден меч помалку, иако има уште десет натпревари до крајот на сезоната во Серија А.
Милан долго бараше начин да го пробие бедемот на Рома, а тоа му успеа на хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ во 76.минута. Во финишот беше досуден пенал за „росонерите“, а во гол го претвори Хакан Чалханоглу.
Милан по овој триумф се наоѓа на седмата позиција на табелата со 42 бода, колку што има и Наполи со еден меч помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА