Милан го доби Сасуоло и го прескокна Интер

Милан се искачи на третата позиција на табелата во Серија А откако на домашен терен го совласа Сасуоло со 1-0. „Росонерите“ сега имаат бод повеќе од градскиот ривал Интер.

Победничкиот гол за Милан всушност беше автогол на гостинскиот фудбалер Лирола во 35.минута. Тој по корнерот од десната страна не реагираше најдобро и ја затресе сопствената мрежа. Во вториот дел Сасуоло остана и со играч помалку поради исклучувањето на Консилји во 64.минута.

Се вчитува...