Милан го договори трансферот на Пјатек, но сега следи потешката задача…

Полскиот напаѓач Кжиштоф Пјатек ги договори сите услови за трансфер во редовите на Милан.

Според наводите на италијанските медиуми, 23-годишниот фудбалер со Милан договорил петгодишна соработка вредна два милиони евра. Во текот на денешниот ден и Милан треба да разговара со челниците на Џенова. На маса ќе биде понуда од 45 милиони евра, но сосема извесно ќе биде дополнета и со разни бонуси.

Полскиот напаѓач сезонава воодушевува во Серија А. Иако е во Италија само шест месеци откако изминатово лето пристигна од полска Краковија, еден е од најдобрите офанзивци на Апенините со постигнати 19 голови во 21 натпревар.

Овој напаѓач на „Сан Сиро“ треба да биде замена за Гонзало Игуаин за кого веќе се тврди дека е нов член на лондонски Челси.

Се вчитува...