Милан и Интер подготвуваат интересна размена

Калчолигашите од Милано подготвуваат интересна размена на фудбалери во претстојниот летен преоден рок. Иако се големи ривали, Милан и Интер често знаеле да „соработуваат“ со размена или позајмица на дел од играчите. Овојпат во фокусот се Франк Кеси и Роберто Галјардини кои треба да ги променат дресовите.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, бара дефанзивен играч за врска, а најверојатно ќе пропадне планот за ангажман на Артуро Видал од Барселона. Затоа Конте сега гледа кај најблискиот сосед и би сакал да го има Франк Кеси во тимот. „Росонерите“ пред една година го откупија од Аталанта за 24 милиони евра, а сега Конте му нуди да го облече „сино-црниот“ дрес на Интер.

Во спротивен правец би заминал Роберто Галјардини. Тој од 2017 година е дел од „нероаѕурите“ и исто така во минатото го носеше дресот на Аталанта.

Се вчитува...