Милан и Наполи без голови на „Сан Сиро“

Милан и Наполи одиграа дуел без голови на „Сан Сиро“ во Милано. „Наполитанците“ остануваат на втората позиција со 48 бода, осум помалку од лидерот Јувентус. Милан е четвртопласиран со 35 бода на табелата.

Хозе Калјехон прв се закани кон голот на Милан, но, сепак не успеа да го надмудри Донарума. Најизгледната шанса за Милан ја имаше Матео Мусакио, но Давид Оспина во 79.минута со одлична интервенција го спаси својот гол. Во завршницата, Наполи остана со играч помалку по исклучувањето на Фабијан Руиз, но гостите успеаја да си заминат со еден освоен бод.

Се вчитува...