Милан и Севилја се договорија за услугите на Кјаер

Калчолигашот Милан го откупи договорот на данскиот интернационалец Симон Кјаер. Милан преку официјално соопштение потрвди дека Данецот потпишал договор со тимот од „Сан Сиро“ до 2022 година, откако во зимскиот преоден рок премина во клубот на позајмица од Севилја.

Тој досега за „росонерите“ запиша 13 натпревари, а по рестартот на сезоната во Италија се покажа дека се одличен тандем во одбраната заедно со Алесио Ромањоли. Милан за искусниот дански интернационалец на Севилја и плати 3,5 милиони евра.

Миланезите до крајот на шампионатот ќе водат жестока битка за едно од местата кои водат во Лигата на Европа следната сезона.

Се вчитува...