Милан Илиевски почнува тренерска кариера во Работнички, ќе биде асистент на Треневски

Поранешниот капитен на Работнички, Милан Илиевски, почнува тренерска кариера во клубот. Тој денеска е назначен за нов асистент на Виктор Треневски во стручниот штаб на сениорскиот тим, информира Работнички на својот официјален сајт.

Милан Илиевски од утре треба и официјално да почне да работи со тимот и да му помага на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски. Покрај него, има уште едно ново име во стручниот штаб, кондицискиот тренер Тони Богдановски. Во стручниот штаб на Работнички остануваат и Марјанчо Андрески и Драги Атанасовски, тренерот на голманите, а Томислав Франц ќе биде префрлен во младинската академија на клубот.

Се вчитува...