Милан ја освои Џенова и влезе во зоната за ЛШ

Милан оствари триумф (0-2) на гостувањето кај Џенова и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А со 34 бода, еден повеќе од Рома. „Росонерите“ стигнаа до успех со головите на Фабио Борини во 72.минута и на шпанскиот интернационалец Сусо во 83.минута.

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше стартер во тимот на Џенова и играше до 58.минута кога на негово место во игра влезе Андреа Фавили. Џенова по 20 одиграни кола се наоѓа на 14.позиција со 20 освоени бода.

Се вчитува...