Милан ја растури Болоња

Милан беше убедлив на домашен терен против Болоња и славеше со 5-1. По овој триумф „росонерите“ се наоѓаат на шестата позиција со 56 бода, еден помалку од Рома.

Алексис Салемакерс го отвори резултатот, а Хакан Чалханоглу ја искористи грешката на гостинскиот голман Скорупски за да зголеми на 2-0 во 24.минута. До крајот на првиот дел Болоња намали преку Такехиро Томијасу во 44.минута.

Во второто полувреме уште три гола на Милан. Бенасер, Ребиќ и Калабрија ја погодија мрежата на гостите.

Се вчитува...