Милан не го дава четвртото место, лесен триумф против Калјари

Милан го совлада Калјари со 3-0 на „Сан Сиро“ и се врати на четвртото место на табелата во Серија А, со еден бод предност во однос на Аталанта, Рома и на Лацио. Тимот на Џенаро Гатузо покажа доминација на овој меч.

Првиот гол беше автогол на Цепители во 13.минута. Девет минути подоцна погоди Лукас Пакета, а во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Кжиштоф Пјонтек.

Се вчитува...