Милан потврди: Пјатек на „Сан Сиро“ до 2023 година

Италијанскиот калчолигаш Милан го потврди трансферот на полскиот интернационалец Кжиштоф Пјатек од Џенова. Соиграчот на Горан Пандев за сума од 35 милиони евра се пресели на „Сан Сиро“, а потпиша договор до 2023 година. Тој оваа сезона блесна во Серија А постигнувајќи 13 гола на 19 натпревари за составот на Џенова. Беше цел на најголамите европски клубови, а раководството на Милан успеа да го комплетира неговиот трансфер.

Пјатек денеска ќе биде претставен како нов член на „росонерите“, а потоа треба да го има и првиот тренинг со тимот на Џенаро Гатузо. Пјатек ќе биде новата ударна игла во нападот по заминувањето на Гонзало Игуаин во Челси.

Се вчитува...