Милан Ристовски: Бевме подобри, но не беше наш ден да дојдеме до триумфот

ЕКИПА во Разград,

Владимир Булатовиќ

Стрелецот на погодокот за Македонија на дуелот против Бугарија, Милан Ристовски истакнува дека селекцијата има позитивен резултат на стартот од новата сезона во Лигата на нации иако сите во националниот тим може да жалат што не се дојде до победата.

„Мислам дека бевме подобри на терен, но се чини и како да не беше наш ден во нападот, посебно не беше наш голгетерски ден. Според мене заслуживме победа, но ете се случи да не можеме да го постигнеме тој победнички гол. Среќен сум за погодокот, кој треба да биде само мотив за следните натпревари од кои очекуваме позитивни резултати. Сепак, пред нас се уште натпревари на кои секако очекуваме позитивни резултати“ – истакна Ристовски по средбата.

 

Се вчитува...