Милан Ристовски и донесе победа на Спартак Трнава

Македонскиот фудбалски интернационалец Милан Ристовски е херој за својата Спартак Трнава во победата над Тренчин од 2-1 во контролен натпревар пред продолжување на сезоната во словачкиот шампионат.

Спартак Трнава поведе со 1-0 со погодокот на Кострна од пенал во 36. минута. Тренчин израмни на 1-1 со автоголот на Миковиќ во 55. минута, додека нашиот интернационалец ги постави конечните 2-1 во 75. минтуа.

 

Се вчитува...