Милан Ристовски ќе ги менува клупските бои во текот на летово откако македонскиот напаѓач реши да си замине од редовите на Бохемијанс.
Чешкиот клуб денеска објави дека не постигнал договор за продолжување на соработката со македонскиот интернационалец, по што Ристовски е слободен по истекот на договорот на 30 јуни.
Милан Ристовски ги мина последните две и пол сезони во дресот на Бохемијанс, тој настапи на 69 средби во овој период, а изминатата сезона ја заврши со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
