Милан Ристовски: Пандев е наш идол, но оваа Македонија покажа дека и без него има квалитет

Милан Ристовски е еден од фудбалерите кои во иднина ќе треба да го носат товарот на македонскиот национален тим. Тој по двата натпревари во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година за словачките медиуми говореше околу репрезентацијата.

Тој вели дека Горан Пандев на сите им бил идол како деца, но дека покажале дека и без него можат многу да постигнат.

„Горан после Европското реши да замине во пензија и ние таа одлука ја почитуваме. Тој е великан на македонскиот фудбал, голем човек, наш капитен. Пандев беше нашиот идол, но еве и сега без него, Македонија има добри играчи и голем квалитет. Кога Горан си замина во пензија, рече дека сака да го остави местото на помладите и јас сум среќен што ја добивам довербата од селекторот. Со него работев во младата селекција, фантастичен тренер е, со него имаме одлична соработка и јас само посакувам и се надевам дека ќе продолжиме така“, вели Ристовски.

Македонија во јуни ја очекуваат нови предизвици во Лигата на нации која е една од можностите за учество на нов континентален собир.

Се вчитува...