Милан Ристовски со голот првенец и донесе победа на Спартак Трнава во 93. минута (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Милан Ристовски го запиша својот прв погодоко во дресот на Спартак Трнава и тоа за победа на својата екипа од 3-2 против Дунајска Стреда.

Ристовски е во Трнава на шестмесечна позајмица од Ријека, сега постигнувајќи погодок во 93. минута за триумф на својот тим, кој со трите бода останува во трката за европски излез.

 

Се вчитува...