Милан Ристовски со трансфер во Индонезија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски својата кариера ја продолжува во тимот на Бајангкара од Индонезија.

Ристовски денеска и официјално промовиран во дресот на својот нов клуб, првпат во својата кариера реализирајќи трансфер во овој дел од Азија.

Во Азија се сели од чешки Бохемианс каде настапуваше изминатава сезона, а претходно во кариерата беше дел и од Работнички на домашната фудбалска сцена, како и хрватска Ријека, словачки Нитро и Спартак Трнава и Кршко во Словенија.

За македонската репрезентација досега има 40 настапи.

Се вчитува...