Милан сака да го откупи Ребиќ една година порано

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ е во одлична форма по рестартот на Серија А, постигна значајни голови за „росонерите“, па раководството на клубот сака да го откупи од Ајнтрахт Франкфурт една година порано од претходно договореното. Ребиќ пристигна на двегодишна позајмица на „Сан Сиро“, на почетокот имаше мали проблеми со прилагодувањето, но сега е во вистински елемент и е еден од најдобрите играчи на Милан.

Извршниот директор Иван Газидис испратил понуда до Ајнтрахт Франкфурт за откупување на Анте Ребиќ по завршувањето на оваа сезона. Милан е подготвен да плати 30 милиони евра. Дозвола за ваков трансфер дал и Ралф Рангник, Германецот кој ќе ја преземе функцијата спортски директор во клубот на почетокот на следната сезона.

Анте Ребиќ постигна девет гола за Милан на 21 натпревар оваа сезона.

 

Се вчитува...