Динамо Загреб е на прагот да заврши фантастичен трансфер откако „модрите“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Мислав Оршиќ, одличниот крилен фудбалер кој со години беше миленик на навивачите.
Откако доминацијата на домашната сцена беше потврдена со импресивна двојна круна, сега погледите се целосно насочени кон влез во Лигата на Шампионите. Звонимир Бобан е убеден дека играч со квалитетите и искуството на Оршиќ ќе биде драгоцен во битките што претстојат летово, а самиот фудбалер веќе прифатил да потпише едногодишен договор во текот на следната седмица, веднаш по враќањето од одмор.
Оршиќ беше меѓу најдобрите фудбалери на Динамо неколку сезони во низа, пред да си замине во јануари 2023 година. Тој најпрвин направи трансфер во Саутемптон, потоа играше и за Трабзонспор и за Пафос, клуб со кој стигна и до Лигата на Шампионите сезонава.
Мислав Оршиќ досега има одиграно 216 натпревари, притоа постигнувајќи 91 гол и 40 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
