Милер го „пецна“ Халанд: Подобро ќе хранам коњи и зајаци

Ѕвездата на Баерн Минхен, Томас Милер го привлече вниманието на јавноста со урнебесен коментар за можноста Ерлинг Халанд да се пресели на „Алијанц Арена“. Халанд е еден од најбараните напаѓачи во Европа, а медиумите пренесуваат дека Баерн сака да го донесе како замена за Роберт Левандовски.

Милер беше запрашан дали е спремен да го „храни“ со топки Халанд, доколу пристигне во Баерн Минхен.

„Преферирам да ги хранам моите коњи и зајаци“, потенцираше Милер.

Иако Халанд е еден од најдобрите малди напаѓачи на фудбалската сцена, сепак, според зборовите на Милер тој сигурно преферира повеќе да игра со полскиот голгетер.

Се вчитува...