Милер не преговара за нов договор: „Никој не ме контактирал…“

Играчот на Баерн Минхен, искусниот Томас Милер и натаму не преговара за нов договор со „Баварците“. Тој вели дека никој досега не го контактирал за нова соработка со најтрофејниот германски клуб.

„Никој од клубот не ме контактирал. Да видиме што ќе се случи понатаму“, вели Милер.

Неговиот договор со Баерн е до 2023 година. Претходно имаше информација дека за 32-годишниот германски репрезентативец има интерес од Евертон и од Њукасл.

Се вчитува...