Милер потпиша нов договор со Баерн Минхен

Томас Милер денеска го продолжи договорот со Баерн Минхен и во следните две години, до 2023 година. Милер е дете на Баерн Минхен, и целата кариера ја мина во таборот на „Баварците“.

Тој одигра преку 400 официјални натпревари за тимот од Минхен, и освои се што можеше да се освои. Тој истакна задоволство од продолжување на соработката.

„Црвената боја ќе биде секогаш моја боја. Денеска го продолжив договорот со тимот до 2024 година. Овој клуб, овој тим и овие навивачи се мојот дом“, рече Милер по потписот.

Се очекува договорот со Баерн да го продолжи и голманот Мануел Нојер, а и натаму не се знае што ќе биде со Роберт Левандовски, кој има договор до 2023 година.

Се вчитува...