Милевски ги пречека репрезентативците: Националниот тим на прв собир со новиот селектор (ФОТО/ ВИДЕО)

Македонската репрезентацијата вечерва од 20 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје го означи почетокот на собирот за престојните септемвриски квалификациски дуели за пласман на СП 2022.

Новиот македонски селектор Боби Милевски ги пречека репрезентативците, за првпат на собир под негово водство иако со безмалку речиси комплетниот состав досега и соработуваше низ младата репрезентација на Македонија.

На првиот денешен собир се појави и Бобан Николов кој го победи коронавирусот и ќе биде на располагање на стручниот штаб, иако е јасно дека дополнително ќе биде утврдено колку реално ќе може да помогне на овој собир. Пристигнаа и Кире Ристевски, Муслиу, Миовски, Александар Трајковски, Шишковски, Аврамовски…

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат Стефан Ристовски кој вечерва имаше натпревар со Динамо Загреб одигрувајќи го целиот натпревар во триумфот над Осијек од 0-2, како и Елиф Елмас кој беше во дресот на Наполи, и Јаховиќ, Милан Ристовски, Столе Димитриевски, Јани Атанасов, Дарко Велковски кои имаа настапи за своите екипи.

Се вчитува...